И Ние ги раздробивме во дванаесет племиња и дружини, и на Муса му вдахнавме кога народот негов побара од него да се напие вода: „Удри со стапот твој на карпата!“ И тогаш од неа потекоа дванаесет извори. Секоја дружина го знаеше поилото свое. И Ние од облак врз нив сенки соборувавме и препелици и мани им испраќавме. Јадете од добрата со кои ве снабдевме. И нам зулум не ни направија туку самите себеси зулум си направија!