и го следеа она што го кажуваа шејтаните во време на владеењето на Сулејман, а Сулејман, пак, не беше неверник, туку шејтаните не веруваа, поучувајќи ги луѓето со волшебништво и со тоа што им беше објавено во Вавилон на двата мелека, Харут и Марут, кои никого не поучуваа се додека не речеа: „Да, ние само безредие сееме! Па, немој да не веруваш!“ Луѓето од нив учеа како да ги разделат мажот и жената и тие никому, освен со одобрението Аллахово, не можеа штета да му нанесат. И поучуваа со она што штета им донесува а корист не им донесува. Она што тие го знаеја, секако, е тоа дека оној што се занимава со такво нешто нема да има никаква награда. Навистина е грдо тоа, - е, само кога би знаеле - за што самите се продадоа!