Господарот твој, секако, знае дека ти стануваш ноќе да се молиш помалку од две третини на ноќта, половина или, пак, една третина, а и дружината што е со тебе. Аллах го одредува и ноќта и денот. Он знае дека вие не знаете да го пресметате тоа и Он ви простува. Па, читајте го од Кур'анот она што ви е лесно! Он знае дека меѓу вас ќе има болни, и оние кои ќе шетаат по земјата барајќи ја добрината Аллахова, а други, пак, се борат на Аллаховиот пат. Па, читајте го од Кур'анот она што ви е лесно! И намаз извршувајте и зекат давајте! И позајмете Му на Аллах заем добар! А доброто што го давате од себе, ќе го најдете кај Аллах уште подобро, и поголема награда. И барајте прошка од Аллах! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!