Аллах ќе рече: „Влезете во огнот заедно со народите кои беа пред вас и кои пропаднаа, и со луѓето и со џиновите. И секојпат кога ќе влезе еден народ ќе го проколнува нему сличниот; и кога ќе се најдат во него заедно потчинетите ќе им речат на властодршците: „Господаре наш, оние не скршнаа во заблуда и дај им, тогаш, двојна казна огнена.“ Аллах ќе рече: „За секого имам двојна казна, но, ете, не знаете!“