Па, кој прави поголем зулум од оној кој фрла лага врз Аллах или кој ги смета за лажни ајетите Негови? Онаквите ќе си го постигнат делот нивни што е определен во Книгата. А кога ќе им дојдат пратениците мелеки од Нас да им ја земаат душата, ги прашуваат: „Каде се оние до кои, освен Аллах, се повикувавте?“ Ќе речат: „Ни се изгубија.“ Да, против самите себеси ќе сведочат дека, навистина, беа неверници!