И Господарот нејзин, тогаш, ја прими убаво и ја порасна убаво. И на Зекерија ја довери на чување. Секојпат кога Зекерија ќе влезеше во Светилиштето ќе најдеше храна кај неа. Велеше: „Од каде ти е ова, Мерјем?“ Таа велеше: „Ова е од Аллах.“ А Аллах, навистина, снабдува неизмерно кого сака!