Потоа по тагата Он ви спушта смирна: Некои од вас дремка ги обзема, а некои се грижеа за себеси. Овие за Аллах го помислуваа она што не е вистина, она што се помислуваше за Аллах во џахилијјетот, зборувајќи: „Што ни остана од таа победа?“ Кажи: „Сета победа, навистина е - Аллахова!“ Во нивните души го кријат она што пред тебе не го обелоденуваат. Зборуваат: „Да победевме не ќе изгиневме тука!“ Кажи: „И да беа во куќите свои смртта ќе ги стигнеше, оние на кои им е запишано да умрат, на местата нивни.“ За Аллах да го испита она што е во градите ваши, и да го очисти она што е во срцата ваши. Аллах го знае она што го кријат градите!