Аллах, секако, го исполни ветувањето Свое кон вас кога ги истребувавте, со одобрението Негово, непријателите се до времето кога ослабнавте и расправавте за наредбата. Непослушни бевте по она што посакавте да го видите. Меѓу вас имаше: оние кои го сакаа овој свет и оние кои го сакаа Ахирет. Потоа Он ве одвои од нив за да ве испроба. И Он, секако, ви прости. Аллах поседува неизмерна добрина кон верниците!