Аллах не ја оптоварува ниедна душа над можноста нејзина. Нејзе и припаѓа доброто што си го спечалила, навистина, и нејзе и припаѓа лошото што си го спечалила. - „Господаре наш, не земај ни го за грев она што ќе го направиме во заборав, или ако згрешиме... Господаре наш, и не товари не онака како што ги отовари оние пред нас! Господаре наш, и не оптоварувај не со она што не е во моќ наша. Прости ни! Избриши ги гревовите наши и смилуј ни се! Ти си Заштитник наш! Па, помогни ни против народот невернички!“