И кога ќе ги пуштите жените, а кои ќе го дочекаат времето што треба да помине па, обносливо задржете ги или убаво пуштете ги. Не задржувајте ги за да им направите штета со што би ги поминале границите на дозволеното. Оној што така ќе постапи - за себеси зло ќе направи. И не земајте ги ајетите Аллахови како играчка. Сетете се на Аллаховиот благодат кон вас, и за она што го објави во Книгата, и во Мудроста со која ве советува. И плашете се од Аллах. И знајте дека Аллах, навистина, знае се!