А ако мажот ја пушти жената по трет пат, тогаш, на мажот не му е дозволено да ја врати додека таа не се венча со друг маж. Ако овој ја пушти, тогаш, немаат грев да склучат брак ако мислат, секако, дека нема да ги преминат границите Аллахови. Ете, такви се границите Аллахови кои Он им ги објаснува на луѓето кои знаат!