Господарот ваш, навистина, е Аллах кој ги создаде небесата и Земјата за шест дена, а потоа се утврди на Аршот. Он го покрива денот со ноќ, а ноќта веднаш го бара денот. И Сонцето и Месечината и ѕвездите... потчинети се на наредбата Негова. Создавањето и Наредбата се - само Негови! Славен нека е Аллах, Господарот на световите!