О синови Адемови, нека Шејтанот не ве заведе онака како што ги изведе од Џеннетот родителите ваши, соблекувајќи ја облеката нивна за да им ги покаже срамните места. Шејтанот и неговата дружба, навистина, ве гледаат отаде од кадешто вие не ги гледате. Ние ги определивме шејтаните, секако, да бидат заштитници за оние кои не веруваат.