Те прашуваат за Часот: „Кога ќе се случи?“ Кажи: „Знаењето за тоа, навистина, е кај Господарот мој. Само Он времето негово ќе го обелодени. Тежок ќе биде тој за Земјата и за небесата. Ќе ви дојде одненадеж.“ Те прашуваат за него како ти да го криеш знаењето за тоа. Кажи: „Знаењето за тоа, навистина, е кај Аллах, но мнозинството на луѓето не знаат.“