И бидејќи Муса се врати кај народот свој, лут и ожалостен, рече: „Е, колку лошо ме наследивте во отсаството мое! Нели побрзавте со наредбата од Господарот ваш?“ Ги расфрла плочите и го фати за коса брата си, тегнејќи го кон себе. И му рече: „Сине од мајка ми, народот ме сметаше слаб и само што не ме убија. Не понижувај ме заедно со непријателите и не изедначувај ме со народот невернички!“