А кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах? Или кој зборува: „Мене ми е објавено,“ а нему ништо не му е објавено, или, пак, кој зборува: „Ќе објавам нешто што е слично на она што го објави Аллах.“ Е, само кога би ги видел зулумќарите кога ќе бидат во смртните маки а мелеките веќе ги пружаат рацете свои: „Исфрлете ги душите ваши! Денес одите таму каде што ќе бидете казнети со казна неподнослива заради невистината што ја зборувавте за Аллах и заради што се надувавте кон ајетите Негови.