Остави ги оние кои ја земаат верата своја за игра и забава, и кои се заведени со животот на овој свет! Предупредувај ги со Кур'анот за да не ја фрлат во пропаст душата со она што ќе го стекнат. Душата, освен Аллах, нема ни заштитник ни посредник и од неа никаква наемнина нема да се прими. Заради она што го стекнаа онаквите ќе бидат фрлени во пропаст. За нив има врел напиток и казна болна заради тоа што не веруваа.