Он е оној кој ги изведе оние кои не веруваат меѓу Следбениците на Книгата од домовите нивни при првото протерување. Вие и не помислувате дека ќе си отидат. А тие, всушност, помислуваа дека тврдините нивни ќе ги заштитат од Аллах. Па, така, Аллах им даде казна отаде од каде што не се надеваа. И Он во срцата нивни внесе страв: ги рушеа домовите свои и со рацете свои и со рацете на верниците. Тогаш, земете ука, о островидни!