Не виде ли дека Аллах, навистина, го знае се она што е на небесата и на Земјата? Нема доверлив состанок меѓу тројца а Он да не е четвртиот; нема ни меѓу петмина а Он да не е шестиот; ниту помалку ниту повеќе од тоа, а Он да не е со нив и каде било да се! Потоа ќе ги извести за она што работеа на Денот суден. Аллах, навистина, знае се!