Не ќе најдеш луѓе кои веруваат во Аллах и во Денот суден да се дружат со оние кои се против Аллах и пејгамберот Негов: било да се тоа предците нивни, синовите нивни или браќата нивни или роднините нивни. Во срцата нивни го впиша верувањето и ги оспособи со Духот од страна Негова, и Он ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат! И Аллах ќе биде задоволен од нив а и оние ќе бидат задоволни од Него. Ете, тоа е странката на Аллах. Да, странката на Аллах, навистина, е онаа која победува!