Знајте дека животот на овој свет, навистина, е игра и забава, и украс и горделивост меѓу вас, и натпреварување и во имотот и во децата, како дожд што ќе ги вчудоневиди земјоделците со растенијата што ќе никнат од него кои, потоа, ќе се осушат па ќе ги видиш пожолтени, а потоа ќе ги видиш како се ронат. А на Ахирет има казна жешка, и прошка и задоволство Аллахово. Животот на овој свет е само уживање кое заведува.