Кажи: „О следбеници на Книгата, вие не сте ништо додека не се придржувате кон Теврат и кон Инџил и кон она што ви е објавено од Господарот ваш.“ Она што е објавено од Господарот твој ќе го засили сигурно, кај многу од нив, насилството и неверувањето, но, тогаш, не задавај си грижа за народот невернички!