Ние, навистина, објавивме Теврат. Во Него има Патоказ и светлина. Пејгамберите според него им судеа на Евреите кои беа послушни. И рабините и побожните луѓе од кои се бараше да ја чуваат Книгата Аллахова, и за која беа сведоци. Па, не плаши се од луѓето, туку плаши се од Мене. И, тогаш, не продавај ги ајетите Мои за нешто што малку вреди. А оние кои не судат според она што го објави Аллах - та, неверници се!