О верници, кога некому од вас ќе му се приближи смртта нека двајца од вас, праведни, посведочат, кога се остава васиет, или двајца, освен вас, ако сте на пат, доколку усетите дека ќе ве снајде смрт. Задржете ги, тогаш, по намазот, ако во нив се сомневате, да се заколнат во Аллах: „Ние заклетвата нема да ја продадеме за никаква цена, па било да се работи за роднина, и нема да го криеме сведочењето Аллахово зашто тогаш, навистина, би биле меѓу грешниците!“