Па, кога ќе се сретнете со оние кои не веруваат... та, удрете ги по вратовите се додека не ги совладате, а штом тоа ќе го направите, тогаш, врзете ги. Потоа или нека следи ослободување без надоместок или, пак, побарајте откупнина, додека војната не ги исцрпи тежините свои. Ете, тоа е! Ако Аллах посака, меѓутоа, Он ќе им се одмазди, но Он посакува само да ги испроба еднисодруги. А оние кои погинаа на Аллаховиот пат... та, никојпат нема да бидат залудни делата нивни!