А и на човекот Ние во васиет му оставивме убаво да се однесува кон родителите свои. Мајката негова со мака го носеше и со мака го роди; го носеше и го доеше триесет месеци. А кога ќе сјакне и ќе наполни четириесет години, вели: „Господаре мој, овозможи ми да ти се заблагодарам на благодатот Твој со кој ме опсипа, мене и родителите мои, и да работам добро со што ќе бидеш задоволен и одреди потомството мое да биде добро. Јас, навистина, се кајам и јас сум меѓу муслиманите!“