Верник не може да убие верник освен по грешка. Оној кој ќе убие верник погрешно, тогаш, треба да ослободи еден роб верник и да даде крвнина на членовите од неговото семејство освен ако не ви се смилуваат. А ако е од оној народ кој ви е непријател а е верник треба да се ослободи роб верник. А ако е од оној народ меѓу кого и вас има примирје нека даде крвнина на членовите од семејството негово и нека ослободи роб верник. Па, ако не најде, нека пости два месеца, едензадруг, барајќи прошка од Аллах. А Аллах е Зналец и Мудар!