Зарем не ги виде оние на кои им е речено: „Запрете ги рацете, намаз извршувајте и зекат давајте!“ И бидејќи им беше пропишана борбата, една дружина меѓу нив се застрашуваше од луѓето, како што е застрашувањето од Аллах, или некое застрашување уште посилно, велејќи: „Господаре наш, зошто ни пропиша борба? Да не поштедеше до едно време блиско?“ Кажи: „Уживањето на овој свет е мало. За богобојазливиот... та, Ахирет е подобар. Нема да ви се наштети ни колку трошка.“