О следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша, и за Аллах само вистина зборувајте! Месих, Иса синот на Мерјем, е пејгамбер Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови, и не зборувајте „тројца“. Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А Аллах, секако, е Доволен Закрилник!