И ако ги прашаш кој ги создаде небесата и Земјата сигурно ќе речат „Аллах!“ Кажи: „Нели ги видовте оние кои ги обожававте освен Аллах?“ Ако Аллах ми нанесе штета дали тие ќе можат да ја отстранат штетата Негова? Или, ако посака да ми подари милост, дали тие можат да ја задржат милоста Негова? Кажи: „Аллах за мене е доста. Врз Него се потпираат оние кои се потпираат!“