Аллах го објави најубавиот Говор, Книга со меѓусебно слични делови, која се повторува. Оние кои се плашат од Господарот свој ги фаќаат морници на кожата. Потоа, кога ќе се спомене Аллах, се смируваат и кожите нивни и срцата нивни. Ете, тоа, токму, е Патоказ Аллахов со кој Он упатува кого сака. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... та, за него нема упатувач!