О верници, не влегувајте во собите на пејгамберот, освен ако ви се дозволи заради храна. Но, не да чекате додека се зготви. Па, кога ќе бидете повикани, влезете! И кога ќе јадете, растурете се, без да се впуштате во разговор. Тоа, секако, го вознемирува пејгамберот, а тој се срами вам да ви рече, а Аллах, пак, не се срами од вистината! А кога ќе барате од жените нешто, барајте од нив, тогаш, зад завеса. Тоа е почисто и за срцата ваши и за срцата нивни. Не ви е дозволено да го вознемирувате пејгамберот, а ниту пак, по него, да ги венчавате жените негови. Ете, тоа кај Аллах од вас, навистина, не е мала работа.