Немаат грев ни слепиот, ни куциот, ни болниот, а ни вие самите, да јадете во куќите ваши, или во куќите од бабовците ваши, или во куќите од мајките ваши, или во куќите од браќата ваши, или во куќите од сестрите ваши, или во куќите од миџовците ваши, или во куќите од алите ваши, или во куќите од дајџовците ваши, или во куќите од тезите ваши, или во куќите чии клучеви се во сопственост ваша или, пак, кај пријателите ваши. Немате грев да јадете заедно или одделно. А кога ќе влегувате во куќите... па, поздравете ги, лично, со поздрав Аллахов, благороден и убав. Ете, така Аллах ви ги објаснува ајетите за да се вразумите!