Нека се воздржат оние кои немаат можност да се венчаат се додека Аллах не ги збогати со добрината Своја. А оние кои се во сопственост ваша, кои посакуваат за тоа да се склучи договор... па, склучете, ако знаете дека при нив има добро. И дајте им од имотот Аллахов кој Он вам ви го даде! Девојките кои се во сопственост ваша, не терајте ги на блуд ако тие, секако, сакаат да бидат чесни, само за да спечалите некоја корист на овој свет. А кој ќе ги натера... па, Аллах, затоа што се присилени, кон нив е Простувач и Сомилосен!