И кажи им на верничките да ги соборат опулите свои и нека ги чуваат срамните места свои, и убавините свои, освен она што се гледа, и нека не ги покажуваат; превезите свои нека ги спуштат на градите. Убавините свои, исто така, нека не ги кажуваат на други, освен пред мажите свои и бабовците свои, или пред бабовците од мажите свои и синовите свои, или пред синовите од мажите свои, или пред браќата свои, или пред синовите од браќата свои, или пред синовите од сестрите свои, или пред пријателките свои, или пред робинките свои, или пред оние мажи кои немаат желба за жени или пред деца кои не знаат за срамните места на жените. И нека не удираат со нозете свои за да се слушне накитот што го кријат. И сите заедно покајте се, о верници, за да бидете спасени!