И борете се на Аллаховиот пат со борба вистинска за Него. Он ве избра и во верата не ве задолжи со нешто исклучително, во верата на вашиот бабо Ибрахим. Он ве именуваше од порано како муслимани, и во овој Кур'ан, исто така, за пејгамберот да биде сведок против вас, а вие да бидете сведоци против луѓето. Па, намаз извршувајте и зекат давајте и држете се за него; Он е заштитникот ваш. Е, само колку добар Заштитник е Он! Е, само колку добар Поддржник е Он!