И веќе на Муса Ние Книга му дадовме и по него низа пејгамбери испративме... И на Иса, синот на Мерјем, јаснотии му дадовме и со Духот свет го поддржавме. И секогаш кога пејгамбер ви доаѓаше со она што не ви се допаѓаше - се надувавте. Некои пејгамбери, тогаш, за лажни ги сметавте а некои, пак, ги убивавте.