О верници, кога ќе одлучите еднинадруги да си позајмувате до еден рок определен, тогаш, запишете го тоа! Меѓу вас, тоа нека го направи писарот, праведно, и тој нека не одбива да напише онака како што Аллах го поучил. Тој нека пишува, а должникот нека кажува. И нека се плаши од Аллах, Господарот свој. И нека не смали ништо од тоа. Па, ако должникот е беден или е слаб или не е кадар да кажува, тогаш, заштитникот негов нека кажува праведно. И побарајте да посведочат два сведока - и тоа машки. Ако нема два машки сведока, тогаш, едно машко и две жени со кои сте задоволни да бидат сведоци. А ако една од нив заборави, па, другата нека ја потсети. Сведоците, кои ќе бидат повикани, нека не одвиваат. И не бидете алчни во пишувањето на долгот до рокот определен, било да е долгот мал или голем, сеедно! Тоа ви е кај Аллах поисправно и посигурно сведочење - далеку од сомневањето ваше. А ако, пак, се работи за трговија на стока која меѓусебно ја разменувате не е грев - ако тоа не го запишете. Но, кога договарате купопродажба, земете сведоци. Ни писарот ни сведокот нека не бидат оштетени. А ако ги оштетите, тогаш, грев имате, навистина! Плашете се од Аллах; Аллах ве поучува; Аллах знае се!