Оние кои употребуваат лихва ќе се дигнат како што се дигаат оние кои ќе ги избезуми допирот шејтански. Ете, тоа е заради тврдењето нивно: „Купопродажбата, секако, е слична на лихвата.“ Купопродажбата Аллах ја дозволи, а лихвата ја забрани. Па, на оној што ќе му дојде Ука од Господарот свој, па ќе се воздржи, му припаѓа она што порано си го спечалил. А наредбата за тоа е - Аллахова! А оние кои ќе и се вратат на лихвата... па, жители џехеннемски ќе станат и во него за навек ќе останат.