И бидејќи Талуд ја изведе војската, рече: „Аллах ќе ве искуша со река. Кој ќе се напие од неа - не е мој, а кој ќе се воздржи - мој е, ако со шепа зафати од водата.“ Па, се напија од водата само неколкумина. И бидејќи тој и нему верните ја поминаа реката, рекоа: „Ние денес немаме моќ да му се спротиставиме на Џалут и на војската негова.“ А оние кои, секако, имаа на ум дека ќе се сретнат со Аллах, рекоа: „Колкупати мали војски победуваа, со одобрувањето на Аллах, големи војски?!“ Аллах е со трпеливите!