И немате грев ако на жените им го изнесете тоа дека сакате да ги побарате или, пак, ако тоа го криете во душите ваши... Аллах знае дека вие за нив ќе мислите, но скришно немојте да им ветувате! Не обврзувајте се за брак се додека не помине времето за чекање. И знајте дека, навистина, Аллах го знае она што го имате во душите ваши; па, бидете претпазливи! Знајте дека Аллах, навистина, е Простувач и Благ!