Нека мајките ги дојат бебињата свои полни две години, и тоа оние кои сакаат доењето да биде потполно. Новороденчето, од страна на родителот, треба да биде добро снадбено и добро облечено. Никој нека не се оптоварува над своите можности. Ниту мајката да се оштети заради детето, а ниту бабото да се оштети заради детето. И наследникот, исто така, има таква обврска. Ако двајцата сакаат, договорно, да го одбијат детето, немаат грев. Исто така немате грев и ако најдете доилка за вашите деца, кога веќе прифативте да им го дадете она што е вредно. Од Аллах, плашете се! И знајте дека Аллах, навистина, го гледа она што го работите!