Те прашуваат за светиот месец и борбите во него. Кажи: „Борбата во него е голем грев! Одвраќањето од Аллаховиот пат, неверувањето во Него и протерувањето на жителите од Месџидул-Харам... кај Аллах е поголем грев. Сплеткарењето е поголем грев од убиството! Ако се оние во можност ќе се трудат да ве одвратат од верата ваша, и не престануваат да ве убиваат се додека, ако се во можност, не ве одвратат од верата ваша. А оној од вас кој ќе се оддалечи од својата вера - нека биде усмртен! Тој е неверник. Делата нивни се безвредни и на овој свет и на Ахирет. Оние се жители на огнот и во него за навек ќе останат!