Заради Аллах и хаџџ и умра извршете! А ако сте спречени, тогаш, курбан заколете, и не стрижете ги вашите глави додека курбаните не стигнат на свое место. А оној меѓу вас кој ќе се разболи или кој има главоболија па, пропуштеното нека го надополни со пост, со садака и со курбан. А ако се најдете во вообичаена состојба, извршете умра и хаџџ и заколете курбан. А оној кој не е во состојба тоа да го направи, тогаш, нека пости три дена на хаџџ и седум дена кога ќе се врати дома: ете, полни десет дена. Ете, тоа е за оној што живее во Месџидул-Харам. И плашете се од Аллах и знајте дека Аллах, навистина, е Жесток Казнувач!