Ви се дозволува преку ноќ, додека трае месецот на постот, да легнете со жените ваши. Тие се ваша облека, а вие сте нивна облека. Аллах знаеше дека меѓусебно не сте воздржливи па ви прости и го прими покајанието ваше: па, сега состанувајте се со жените ваши и посакувајте го она што Аллах ви го определи; јадете и пијте се додека не ви биде толку јасно да можете да го разликувате белиот од црниот конец на муграта; оттогаш па до ноќе, постете! А ако сте во И'тикаф по џамиите, тогаш, не ви е дозволено да легнете со жените ваши. Ете, тие се границите Аллахови. И не приближувајте се до нив. Ете, така Аллах им ги објаснува ајетите Свои за да бидат богобојазливи!