И кој е поголем зулумќар од оној кој, кога ќе се споменат ајетите на Господарот негов, е рамнодушен кон нив, и кој заборава она што го направија рацете негови. Врз срцата нивни Ние им ставивме завеса за да не го разберат Кур'анот, а во ушите нивни тежина. И ако ги повикаш кон Патоказот, тогаш, за навек не ќе се упатат.