И кога со Кур'анот брдата би можеле да се поместат, а земјата да се распарча, а мртвите да проговорат... не, наредбата за се е - Аллахова, и зарем оние кои веруваат не знаат дека ако Аллах посакаше ќе ги упатеше сите луѓе! Но, оние кои не веруваа постојано ги снаоѓа, за она што го правеа, несреќа, ненадејно, или, пак, ќе се збидне во близина на нивните домови се додека не дојде ветувањето Аллахово. Аллах, навистина, не го изневерува ветувањето!