Да, животот на овој свет е сличен на вода која Ние ја спуштаме од небо, па кога ќе се измешаат со неа растенијата на земјата од кои јадат и луѓето и добитокот, и кога земјата ќе си го прими своето руво и кога ќе се украси, жителите нејзини ќе помислат дека се, навистина, моќни над неа, ќе дојде наредбата Наша, ноќе или дење, па ќе ја видиш како е покосена, како вчера и да не постоела. Ете, така Ние потенко ги објаснуваме знаменијата за луѓето кои размислуваат!